Таг: социјални медиуми

Да не си стегате душа на Твитер и Фејсбук за политика

На Твитер нема доволно место да кажеш што сакаш, на Фејсбук е многу веројатно дека пријателите ќе почнат да те откачуваат ако фатиш да ги труеш со политика. Ова пак создава проблем и кога си офлајн.

Корпоративниот твит што се произведува 45 денa

На тим од 13 експерти за социјални медиуми и адвертајзинг, му се потребни до 45 денови за да испланира, креира и да добие одобрување за еден корпоративен пост на социјални медиуми.

Луѓето што заработуваат 1 милион долари месечно од твитање

Некои ги знаете како @HistoryInPics, други како @CollegeStudent или @RealTalk, а сите се дел од околу 200 профили што ги менаџира компанијата Social Trends Media, која од нив успева да извади околу 1 милион долари месечно.

Создавање на самотијата

Која е врската меѓу социјалните медиуми и самотијата? Во најголем дел сè се базира на тоа дека на Фејсбук е многу полесно да изгледаш паметен отколку во живо. (И за Твитер важи исто.) П.С. Ниту еден човек не може да има повеќе од 150 пријатели, па затоа бирајте.

Барселона и Реал Мадрид владеат на интернет

На листата на Топ 50 највредни спортски клубови според магазинот Форбс се наоѓаат 30 клубови од НФЛ, но сите тие заедно на Фејсбук и Твитер вкупно имаат помалку фанови од Барселона.

Порто и Бенфика во војна на Фејсбук и ЈуТјуб

Фудбалските гиганти се повеќе ги користат социјалните медиуми за комуникација и остварување на своите маркетинг стратегии, но и за војување со ривалите. Најпознатите португалски клубови, Бенфика и Порто својата војна од теренот ја префрлија на Фејсбук и ЈуТјуб.

Барса и Роналдо главни на социјалните медиуми

Барселона и Кристијано Роналдо се најпопуларни спортски „брендови" на социјалните мрежи, а Роналдо и Меси се повеќе популарни дури и од своите клубови.

Воините од Твитер

После првата ноќ од нападите на Израел врз Газа, на Твитер се појави фотографија од 11-месечно бебе кое беше убиено од израелски проектил. Неколку часа подоцна се појави фотографија од уште едно бебе, овој рането девојче од Израел. Војната почна и на Твитер.

Дали Фејсбук е следниот Филип Морис?

Деновите излезе ново истражување според кое социјалните медиуми се најнеодоливата активност за луѓето. Повеќе од цигари, повеќе од секс, повеќе од спиење.

Ве молиме не твитајте и не праќајте пораки

Организаторите на Олимписките игри ги замолија гледачите кои во живо ги следат натпреварите да не испраќаат пораки и да не твитаат затоа што преоптоварената мрежа го нарушува ТВ преносот.

Лондон 2012-та, без шерување

Фановите и спортистите на Лондон 2012-та ќе можат да прават сè што сакаат, сè додека тоа не е на Фејсбук, на Твитер, на Јутјуб, на Инстаграм...

Sworly

Нешто слично на Pinterest, ама направено за музика. Гледате што музика објавиле другите, објавувате вие што сакате, бирате што ви се допаѓа, правите листи. Се со многу сликички и многу ЈуТјуб.