Минатиот викенд Бенфика го пречека Порто во најголемото дерби на Португалија. Натпреварот помеѓу лутите ривали заврши со резултатот 2:2 по што Бенфика ја задржа предноста од 3 поени, но порто има натпревар помалку.
Но со завршувањето на натпреварот не заврши и војната помеѓу Бенфика и Порто. Неколку денови клубовите се препукуваа преку медиумит со прес конференции, соопштенија и интервјуа, а потоа отидоа и чекор понапред.
Најпрвин Порто на својата страна на Фејсбук каде има 1 милион фанови, постави линк до видеото на ЈуТјуб со наслов „Фер-плејот е срање". Со ова видео фудбалскиот клуб Порто сакаше да ги прикаже грубите фаули од страна на фудбалерите на Бенфика, како и судиските грешки на штета на нивниот тим.
На Бенфика и требаше еден ден да возврати. И тие на својата страна на Фејсбук каде имаат 1,2 милиони фанови поставија линк до видео на ЈуТјуб со истио наслов. На видеото се прикажани тренерот и претседателот на Порто како се жалат на судиските одлуки, а во позадина се монтирани снимки од груби фаули на фудбалерите на Порто и судиски грешки против Бенфика.
Двете видеа набргу станаа хит во Португалија и беа шерувани над 4.000 пати и прегледани над 150.000 пати за само 12 часа по одговорот на Бенфика.