"Препорачуваме ниту еден припадник на Хамас да не ја извади главата над земја во следните денови," се појави твит од официјалната сметка на @IDFspokesperson. Ова веднаш доби одговор од @AlQassamBrigade "Нашите благословени раце ќе ги стигнат вашите лидери каде и да се (сами ги отворивте портите на пеколот)".
Иако не е познато кој го води Твитерот за Ал Касам бригадата, социјалните медиуми на израелската армија (IDF) се управувани од 26-годишна имигрантка од Белгија, Саша Дратва.
Проектот започнува во 2008-ма (за време на операцијата Cast Lead) а задачата е да го менаџира присуството на IDF на ЈуТјуб и Фејсбук. Од тогаш, ова се претвора во глобално најзабележливиот сегмент на израелската армија. Во последната година, одделот се проширува и на другите медиуми како Твитер и Форсквер (за второво прават и игра), а продолжуваат и со објавување на најразлични акции на IDF (од атентат на членови на Хамас, до успешното функционирање на анти-ракетните системи).
"Владата се уште треба да генерира поенти што сакаме да ги постигнеме, и после им ги предаваме на децава а тие ги преведуваат на овој нов јазик на социјалните медиуми. Би рекол дека е магија," изјавил заменик министерот за Јавни информации и дијаспора, Даниел Симан.
Како што објаснува Дратва, тие имаат две задачи: првата, во реално време да ја пласираат приказната на Израел и второ да го прескокнат посредникот "старите медиуми," кога контактираат со про-Израелски активисти.
Целата операција тие не ја ограничуваат само на Твитер (каде што ги следат над 200.000 луѓе) и ФБ, туку гледаат да го зафатат сите можни социјални медиуми. Па така во исто време додека започнуваше најновата акција на Израел, Инстаграм беше преплавен од фотографии од израелски војници кои чекаат да бидат распоредени.
Коментар од БиБиСи за судирот: