ЦЕО на компанијата е 30-годишниот Ерик Дамиер, а останатите ко-основачи имаат 17, 19 и 36 години. Тие почнуваат со работа во последната недела од ноември и во текот на декември заработуваат 800.000 долари, па потоа уште 120.000 долари во првата недела од јануари, пред на кратко да прекинат со работа заради средување на технички проблеми. За март проекциите им се околу 1,2 милиони долари.
Тие ги прават парите преку директно рекламирање на содржини, односно компаниите / сајтовите им плаќаат за тие да пуштат некој линк на Твитер. Треба да се има во предвид дека на пример @HistoryInPics на Твитер го следат 1,14 милиони луѓе. На пример сметката @RealTalk која се занимава со интересите на тинејџерки ја следат околу 614 илјади луѓе, па тука компанијата наплаќа за објавување линкови од сајтови кои се заинтересирани за оваа публика.
Според ЦЕО-то компанијата моментално има публика околу 300 милиони луѓе на сите социјални медиуми што ги работи (Твитер, Фејсбук, Инстаграм...), од кои само на Твитер има 100 милиони.
Компанијата не ги поседува сите профили и Твитер сметки што ги менаџира. Голем број од нив ги контролираат други луѓе кои имаат соработка со Social Trends Media во која добиваат процент од заработката и бесплатна обука.