Италијанската влада ќе прераспореди дополнителни 500 војници за да го „одбранат Милано“ по дводневните немири во кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имоти, изјави вицепремиерот Матео Салвини.
Распоредувањето на војниците ќе биде дел од пакетот нови безбедносни мерки кој го носи владата во време кога продавниците во центарот на Милано рано ги затвораат вратите и ги покриваат прозорците со штици.
За време на викендот биле приведени 271 млад човек во Милано а на немирите им претходеа судири во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино.
Причини за протестите се зголемените трошоци на живот, нефункционирање на институциите и неквалитетот на јавните сервиси.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.