Ова е искуството на Huge, компанијата за дигитален дизајн и адвертајзинг, меѓу чии клиенти се Ауди, ХБО ГО и Американ Експрес. Нивната главна борба е како да го привлечат вниманието на публиката, нешто за што на времето на брендовите им биле доволни купување 30 секунди реклама на телевизија. Сега иако медиумите и публиката се бесплатни (за соц. медиуми), проблемот е што таму има огромна гужва и секој можен бренд се обидува да го привлече вниманието.
Дел од комуникацијата бара инстанти рефлекси и се одвива во реално време, додека други постови може да се крчкаат и до два месеци. Таков е случајот со твитот за нивниот клиент Президент кашкавал.
Планирањето на твитот почнува во март, кога дел од луѓето од тимот за социјални медиуми на Huge, седнува со проект менаџерот и уште еден човек од агенцијата задолжен за стратегија, за да ги планираат постовите за април.
За април било планирано да се продолжи со кампањата "Уметност на кашкавалот," во која брендот им кажува на своите следбеници како подобро да уживаат во производите на Президент.
По ова тие разговараат со копирајтери и графички дизајнери, за своите идеи за твитови. Тогаш се согласуваат дека за април твитот треба да биде околу кашкавалот Камембер, и како тој најдобро е да се служи на собна температура.
Следната недела тимот за соц. медиуми и дизајнерите ја пренесуваат идејата, заедно со останатите предлози за април. Потоа идејата оди на внатрешно разгледување, каде што сениор копирајтерите и стратезите треба да ја одобрат работата за следната недела.
45 дена по оригиналната идеја постот е напишан и објавен на Твитер.
Sharing a Camembert with friends? (How generous!) Get the best flavor by serving at room temperature. #artofcheese pic.twitter.com/R6iWPeKv1z
— President Cheese (@presidentcheese) April 30, 2014
Целата оваа работа е за 100 и нешто следбеници на Твитер, (на Фејсбук имаат околу 200 и нешто). Околу една третина од сите постови на социјалните медиуми на Huge ја минуваат оваа процедура.
Кога не планираат твитови, тимот за социјални медиуми работното време го минува во "воениот штаб" во кој на 4 големи монитори ги следат своите брендови на социјалните медиуми, дополнети со различни програми за нивна аналитика. Тие имаат и телевизор во канцеларијата на кој постојано одат 24-часовните кабелски вести, во случај да не има некоја вест на која тие треба да посветат внимание.