Спортистите кои учествуваат на Игрите, нема да можат да твитуваат фотографии од себе со производи кои не се од официјални спонзори на Олимпијадата, ниту ќе смеат да споделуваат видеа и фотографии од Олимпиското село.
Истото важи и за фановите, кои нема да смеат на Фејсбук или ЈуТјуб да споделуваат видеа и слики од натпреварите на кои ќе присуствуваат.
Третата група на која ќе и биде ограничено делувањето на социјалните медиуми за време на Олимпијадата, се компаниите и брендовите. Тие нема да смеат да користат официјална номенклатура како "Игри 2012-та," во својот маркетинг.
Зад овие забрани се кријат два закони за заштита на брендовите во Британија. Едниот е Законот за Олимпијада и параолимпијада во Лондон, донесен во 2006-та, а другиот е Законот за заштита на Олимпискиот симбол од 1995-та.