Реал Мадрид е највреден спортски клуб на планетата. Шпанскиот гигант има вредност од 3,3 милијарди долари и успеа да го симне Манчестер Јунајтед од првото место на оваа листа. Англискиот шампион сега е на втората позиција со вредност од 3,165 милијарди, а зад нив е Барселона со 2,6 милијарди долари.
Европските фудбалски клубови го имаат запоседнато пиедесталот, но зад нив се американските, посебно оние од американската фудбалска (рагби) НФЛ лига. Помеѓу највредните 50 спортски клубови на светот се наоѓаат дури 30 НФЛ клубови.
Но НФЛ клубовите заостануваат зад фудбалските клубови во однос на застапеноста на социјалните медиуми. Сите 30 НФЛ екипи заедно имаат вкупно 60 милиони фанови на Фејсбук и следбеници на Твитер.
Колку за споредба, само Барселона има вкупно 60,6 милиони фанови на Фејсбук и следбеници на Твитер. Следат Реал Мадрид со 49,8 и Манчестер Јунајтед со 34,5 милиони. Најблиску до нив е ЛА Лејкерс со 19,6 милиони.