Иако честото користење социјални медиуми се поврзува со полошо ментално здравје, ефектите не се директни, туку најверојатно причина за тоа е што социјалните медиуми ги изместуваат другите активности, како на пример спиењето.
„Додека сме опседнати со социјалните медиуми, колку сме опседнати со тоа колку децата спијат? Не премногу, но тоа е далеку поважен фактор, всушност, одлучувачки за нивното ментално здравје,“ објаснува професор Расел Винер од Институтот за детско здравје Грејт Ормонд стрит.
Предлогот на тимот околу Винер е родителите да не дозволуваат носење смартфони во детските соби, притоа нагласувајќи дека на тинејџери им треба до 10 часа спиење навечер.
Друга работа што тие ја предлагаат е родителите да зборуваат со децата за нивните искуства на интернет и да се запознаат со околината во која тие таму функционираат и дали имаат проблем со некого, „исто како и во реалниот свет“.
Една од статистиките покажува дека момчињата и девојчињата кои повеќе од три пати на ден ги проверувале социјалните мрежи имале повисоко ниво на психолошко вознемирување, отколку оние кои само еднаш го проверувале.