Во јавноста протече меил од висок германски командант до првиот човек на Бундесверот, кој се жали на жалната состојба на оклопните возила во склопот на неговата дивизија.
„Дури и со најдобри поправки, прашањето на подготвеноста на нашите возила стана лотарија,“ и пишува на својата претпоставена генерал-мајор Руперт вон Батлер.
За време на воена вежба во декември направена со цел да се подготви тенковската бригада на Бундесверот за вклучување во НАТО силите со „висока подготвеност“, сите 18 модерни оклопни возила на германската армија биле нефункционални.
Сите возила биле тенкови од моделот Пума, а проблемите имале распон од нефункционирање на електрониката до дефекти на куполата. Војниците итно избегале од еден од тенковите откако се запалила електричната инсталација.
Пума е лесен тенк чија главна намена е превоз на војници и опремен со неколку вооружени системи, вклучувајќи и 30 милиметарски топ кој теоретски има капацитет да испука стотици проектили во минута.
Заради дефектите, сега Бундесверот мора да продолжи да го користи Мардер тенкот, претходникот на Пума од 1970-те, кој беше еден од моделите што Киев инсистираше да ги купи но Германија го одби.
По објавата на писмото, германската министерка за одбрана коментираше дека се додека производителот не го стабилизира овој модел, нема да има втора нарачка за Пума, и дека „критиките од парламентот се сосема оправдани“.
„Проблемите со опремата на Бундесверот не е се ништо ново. Всушност, НАТО се потсмева со германската армија заради нејзината шкратлива опрема. Без разлика, борбата што ја има војската со своите најмодерни тенкови ја нагласува систематската природа на проблемите,“ се порачува во текстот на Политико.