Претходно Германија половина од гасот и една третина од нафтата што ја користи ја увезуваше од Русија.
Сега набавката на гас за Германија главно е од Норвешка и од САД, а по дома властите се решија на отворање на електраните што им работат на јаглен и на одложување на затворањето на трите преостанатите нуклеарни електрани.
Линдер на самитот во Давос се пофали и за брзината со која беше изграден новиот терминал за течен гас во Германија, завршен за рекордни осум месеци.
„Сфативме дека треба да ја гаиме нашата компетитивност по ерата на канцеларката Меркел. Ера која беше фокусирана на нашите сили од минатото, а сега ги развиваме нашите сили за иднината,“ порачал министерот.