Локални власти од Баварија побараа секој што може од жителите да обезбеди простор за живеење, да ги контактира властите за соодветни бегалци да добијат сместување.
Во огласот се наведува дека се преферираат станови и куќи, посебно оние што се опремени и спремни за вселување, ама ова не е „задолжително“.
Азилантите во овој регион моментално се сместени во центар за прием во Бамберг, и чекаат што одлука ќе добијат на нивната апликација. По добивањето азил, бегалците се испраќаат во различни области низ земјата.
За првите 6 месеци од годината, стигнати се речиси 85.000 апликации за азил, од кои 24.500 од Сиријци, 15.000 од Авганистанци и 7.500 од Ирачани.