Таканаречениот „одбранбен штит“ претходно беше употребен за поддршка на земјата за време на глобалната финансиска криза и ковид-19 пандемијата.
Фондот меѓу другото ќе воведе и ограничување на цената што германските потрошувачи би можеле да ја платат за гас.
Соопштувајќи ги новите мерки Шолц објави дека неодамнешните дупки во Северен тек значат дека Германија не би можела во догледно време да очекува руски гас.
Пред војната 55% од германската потрошувачка на гас беше покриена со руски гас.
Германскиот регулатор за енергија објави дека Германците минатата недела потрошиле 14,5% повеќе гас отколку во истиот период во изминатите години, и ги повика да се стават малку на штедење.