„Кремљ ја смета Германија за свој непријател,“ изјавил шефот на БНД, според кого бидејќи земјата е вториот по големина поддржувач на Украина, таа е во директен судир со Русија.
Кал тврди дека Путин не е заинтересиран само за Германија, туку „реално и за создавање на нов светски поредок“ и дека „Путин ќе ги тестира црвените линии на Западот.“
Во исто време првиот човек на домашното разузнавање, БФВ, Томас Халденванг, пак тврди дека периодов има драстичен раст на руските разузнавачки активности „и квалитативно и квантитативно“, достигнувајќи досега незабележани нивоа.
Билд заклучува дека „шефовите на германското разузнавање го предупредуваат населението против наивност. Рускиот претседател Владимир Путин одамна ја прогласи Германија за свој непријател.“