Моментално Германија има рекордни 5,49 милиони граѓани кои се „на социјално“, а отприлика 47,3 проценти од нив се не-германски странци.
Плус на оваа сума се околу 6,3 милијарди евра што се дадени само за административните трошоци околу социјалната помош, што е 300 милиони повеќе отколку во 2022. Кога ова ќе се собере, сумата одвоена од буџетот за социјална помош во Германија е еднаква на 48,9 милијарди евра.
По објавувањето на бројките, најголемата бизнис асоцијација во Германија, ДХК, ја обвини левичарската влада на земјата дека намерно создава проблеми кои ја еродираат финансиската сила на Германија и ја влошуваат ситуацијата со невработеноста.
Во исто време десничарите од АФД тврдат дека бројките се далеку поголеми бидејќи голем број на примателите на социјална помош се странци кои земале германско државјанство, и од тогаш во статистиките се водат како Германци.
Критиката е и дека со вакви бројки не држи многу стратегијата која предвидуваше дека напливот на мигранти ќе помогне во плаќање и пополнување на германските пензиски фондови.