Ни помалку ни повеќе, препораката е Германија да регрутира 900.000 војници

Германија треба да почне со регрутација на 900.000 резервисти заради воинствениот став што го има Русија со Путин на чело, е препораката од претседателката на комитетот за одбрана на германскиот парламент.

„Путин ги обучува своите луѓе за војна и ги позиционира против Западот. Затоа мораме да станеме што е можно побрзо подготвени за одбрана,“ препорачала Агнес Штрак Зимерман.

Освен што руската индустрија се фокусира на производство на оружје, Зимерман алармира дека во земјата се печатат училишни книги кои ја претставуваат Германија како држава агресор, а деца на училишна возраст се обучуваат да користат оружје, и сето тоа е застрашувачко.

За спроведување на нејзиниот предлог за активирање на 900-те илјади резервисти, прво војската ќе треба да ги регистрира тие што се квалификуваат за служење војска. Притоа, Зимерман посочила дека армијата веќе со години престанала да води таква евиденција.

„Ако можеме и барем половина од нив да ги регрутираме како резервисти, тоа ќе биде изненадување, тоа би бил неверојатен плус,“ порачува Зимерман.

На слично нешто повика е првиот човек на германското здружение на резервисти, кој побара систематска проверка на здравјето и достапноста на сите членови на Бундесверот, за тие да можат да бидат ангажирани за потребите на безбедноста на државата и полека да минат повторна обука.

4 јуни 2024 - 14:18