Билд пренесува дека секако е планирано формирање на „Совет за учество“, но за сега не е познато кој процент на администрацијата и судиите ќе им биде дедициран на мигрантите.
Идентично не е познато по кој клуч ќе се делат мигрантите и дали процентот ќе ги опфаќа сите топтан, од сите држави, раси и вероисповест. Како што пишува Билд, планирана е „холистичка стратегија со конкретни мерки за поддршка, цели и мерки за културолошка промена.“
Рамковните ќе бидат воведени и во федералната администрација и во државните претпријатија.
На секои четири години владата ќе треба да дава извештај за тоа кои од дефинираните цели се постигнати.
Критиката на овој план е дека рамковните квоти секогаш се штетни за перформансите и ги дискриминираат сите што не ја исполнуваат квотата. Друг проблем е што планот изгледа како масовна рекламна кампања за Алтернатива за Германија платена директно од државата, бидејќи вакви политики „оставаат впечаток на фаворизирање мигранти и дискриминирање на домашното население.“