Во Германија сè повеќе, од криминал

И повеќе шверц со бело робје и повеќе грабежи и повеќе насилство покажуваат последните официјални германски статистики според кои криминалот во земјата општо е највисоко ниво од 2012.

Во извештајот на министерството за внатрешни работи стои дека во 2023 биле направени 790.245 прекршоци. Ова е 88.079 повеќе дела отколку во 2022, или раст од некои си 12,5%.  По овој извештај во Германија во 2023 се случувале по 2.165 прекршоци на ден.

Од овие над 790.000, цели 389.331 се прекршоци на законот за имиграција (38,3%). Бројот на насилни кривични дела изнесува 31.887, од кои 1.728 се напад на федерални полицајци. Најголем дел од насилствата се случуваат на железнички станови и во возови, од каде доаѓаат 25.649 случаи. 555 се напади со нож.

Џепарењето пораснало за 16,4% и имало 27.849 вакви инциденти, а сексуалните дела се зголемиле за 14,9% на 2.498 случаи.

Она со што имаат да се пофалат Германците е дека се зголемил бројот на успешни истраги и уапсени бегалци.

Посебна ставка е што по поставувањето на гранични контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија биле спречени 127.549 обиди за нелегално влегување во Германија. Исто така бројот на депортации се зголемил, меѓутоа речиси две третини од нив не успеале.

20 август 2024 - 14:40