Билд пренесува дека веќе отворено има сомнежи околу политиката на СПД заради што и во Бундестагот почнале „лоши шпекулации“ за завршување на кариерата на Шолц.
Според нив, Канцеларот најверојатно ќе биде присилен да поднесе оставка во текот на 2024, а негов потенцијален заменик е Борис Писториус, актуелниот министер за одбрана на Германија.
Освен непопуларноста на Шолц една од главните причини за неговата смена е и скандалот со компанијата Вајркард и нејзиниот сопственик Јан Марсалек за кого сега се верува дека е пребеган во Москва.
Во времето кога е министер за финансии во владата на Меркел, на Шолц како одговорен за финансискиот регулатор БаФин успеала да му се протне измама вредна милијарда долари во која е вклучена Вајркард. Измамата се случува и покрај тоа што самата Вајркард како провајдер на финансиски услуги исто така била и партнер на федералната влада и извршувала доверливи исплаќања за германската Федерална разузнавачка служба. Се верува и дека првиот човек на Вајркард, Марсалек, кој успева да го добие договорот со германската влада, наводно е шпион на Путин.
Сомнежот на Билд околу веројатноста за внатрешен пуч во партијата е дека на неодамнешниот партиски собир цела СПД му дава поддршка на Шолц, и дека неговиот потенцијален заменик, Писториус, идеолошки не е нешто многу поразличен.