Варуфакис опоменува дека Германија го занемарува принципот на конкурентска еднаквост во Европската унија и не е изненаден од критиките на германскиот пакет за помош во износ од 200 милијарди евра.
„Тоа се двојни стандарди. Германија инсистира на единствен пазар, под наводно еднакви услови, додека истовремено ја помага својата индустрија и потрошувачи со државна помош. Ова не е дозволено за никого во Унијата, освен за Германија, заради правилникот на водење на финансиската политика“, поентира Варуфакис.
Пресметките на поранешниот грчки министер за финансии се дека „барем една третина од германскиот економски модел се темели на продавање во Кина“. Според него и за ова Берлин тера по старо и останува традиционално игнорантен како што беше и околу критиките за преголема зависност од плин од Русија.
Во таа смисла, Јанис Вафулакис спомнува нова студена војна, помеѓу САД и Кина, што ќе има катастрофални последици за светот.
„Во однос на Шолц и пристаништето: доколку тој на овој начин посредува меѓу Вашингтон, Пекинг и Берлин, а продажбата на пристаништето на кинески Коско е дел од еден мировен процес, тогаш ја поздравувам истата.
Сепак, мислам дека канцеларот е политичко џуџе кој воопшто нема капацитет да размислува на тој начин,“ рече Вафулакис.
Додава и дека на зделката со Коско не гледа како на дел од стратегијата за стабилизација на Германија, туку како на нешто кое во крајна линија ќе биде уште еден случај на кратковидост.
Според Варуфакис сведочиме на неизбежен крах на германскиот економски модел:
„Германскиот модел беше заснован на увозот на ефтини енергенси од Русија, продажба на производите во Кина и ниски плати за Германците. Инфлацијата оневозможи задржување на ниските плати, плинот стана скап а Кина ја снема како пазар достапен за Германија.“