Првиот човек на Шведските демократи, Џими Акесон, инсистира земјата да се посвети на правење на неопходните подготовки за Швегзит, за во случај да се најде во таква ситуација владата да биде во што е можно подобра позиција за преговори со Брисел.
Тој и неговиот сопартиец, инаку евро пратеник, Чарли Вајмерс, во текст за Свенска Дагбладет предлагаат три мерки што мора да бидат преземени од шведската влада:
- Уставни промени кои ќе воведат задолжителен референдум за сите одлуки поврзани со пренесување повеќе овластувања од Стокхолм на Брисел.
- Да се направат сите неопходни подготовки за да биде подготвена кога ќе се донесе одлука за напуштање и да се легитимизира секоја закана за повлекување од Унијата во идните преговори со блокот. Ова подразбира и бришење од Уставот на делот во кој пишува дека Шведска е членка на ЕУ.
- Да се започне истрага за тоа како можат да бидат избегнати негативните аспекти на шведското членство во ЕУ.
Шведските демократи моментално не неформален партнер во владејачката коалиција, тие иако се за излегување на земјата од ЕУ, прифаќаат дека „тоа не е мнозински став меѓу шведскиот електорат“.