На нуклеарните електрани за функционирање им е неопходно нуклеарно гориво, а Русија и Казахстан, моментално снабдуваат 42% од ураниумот што се користи во сите реактори низ светот. Статистика многу слична со онаа од кризата со природен гас.
Денес ЕУ покрива 20% од своите потреби за ураниум од Русија.
Од Универзитетот во Сасекс објаснуваат „аргументот е дека нуклеарната енергија нуди безбедност на снабдување. Со други зборови, не ти треба да се грижиш за гас од Путин или нафта од Блискиот Исток. Ама ова е многу неточно.“
„Целосната оваа замисла за безбедност во снабдувањето, дека нуклеарната енергија нема да нè остави зависни од странски проблеми е неточна.
Путин, Русија и Казахстан контролиран од Русија снабдуваат 42% од ураниумот за сите реактори низ светот. 20% за ЕУ, 14 за САД и речиси 30% за нивните потреби за збогатување ураниум.
За Британија е поразлично. Ние нашиот Ураниум го добиваме од Австралија и Канада и ние не се потпираме на Русија па сме ок,“ објаснува професорот Пол Дорфман од Универзитетот во Сасекс.
Неговиот страв е дека ако се случи глобална криза за нуклеарно гориво тоа ќе удри и на снабдувањето на Британија, бидејќи за помала понуда ќе се јават поголем број купувачи. Ваквото сценарио го проблематизира и планот за зголемување на бројот на нуклеарни електрани, во кој Британија планира изградба на осум нови реактори.