
На ЕУ отпаѓа повеќе од половина од вкупниот извоз на руски гас. Најголемиот купувач е Мадрид кој во првите девет месеци од годинава и платил 1,8 милијарди евра на Москва, додека Париз добил испорака во вредност од 1,5 милијарди. На трето место во Европа е Белгија, која купила руски гас во вредност од 1,36 милијарди евра.
Меѓу државите кои продолжуваат да го полнат рускиот буџет се и некои од најголемите поддржувачи на Киев, како Естонија и Литванија.
Процената е дека купувањето на руски гас од ЕУ е зголемено за некои си 40 проценти во споредба со 2021. Порастот се случува и покрај намерата на Унијата да се откаже од користење руски фосилни горива до 2027.