Таг: еу

ЕУ и УЕФА го сакаат истото што и секој татко на светот, да го гасите светлото

... И да ја затворате вратата од фрижидерот... и да намалите со тоа греењето. За бојлерот може ќе има посебна реклама.

ЕУ успешно не се договори да ја ограничи цената на гасот

Исходот од неколку месеци заканување дека цената на гасот ќе се одредува по желбите на ЕУ а не по желбите на глобалниот пазар е помирување на ЕУ дека „ограничувањето на цената не е најдобра алатка за запирање на енергетската криза.“

Почна да пука меѓу Франција и Германија

Тоа што се случи вчера меѓу Берлин и Париз е навистина загрижувачки, не само за франко-германското партнерство туку и за цела ЕУ, пишува новинарот на Политико задолжен за покривање на германската влада, Ханс вон дер Бурхард.

Како што Европа паѓа во рецесија, Русија излегува

Додека Европа се тресе на работ на длабока рецесија, економската ситуација во Русија се подобрува, пишува магазинот Економист.

Дали Унијата ќе се распука под притисокот од гасот и струјата?

Нема ништо обединето околу пристапот што го имаат членките на Европската Унија во обезбедување гас за зимава, ниту околу нивната подготвеност да си помогнат едни на други, што според првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика е директна закана за најосновната обединетост на Унијата.

ЕУ сепак стигна да ги наполни резервите со гас

И покрај секнувањето на гасот од Русија, и сегашното и претходните, Унијата успеа да го достигне посакуваното ниво на наполнети резерви два месеца пред планираното.

Кина ќе ја спасува ЕУ

Само што одлучно (и не по своја волја) почна да се оттргнува од зависноста од рускиот гас, за која имаат колку економски, толку и идеолошки забелешки, ЕУ спасот го најде во уште поголем проблем - кинески гас.

ЕУ ќе се прошири кога ќе се укине еднаквото право на глас, и обратно

За да може Унијата да го издржи влезот на нови членки (а.к.а. Балкан), таа прво мора да пројде сериозни реформи, порачува германскиот премиер Олаф Шолц.

На Хаг му текна дека не сака да биде дел од ЕУ санкциите против Русија

Холандскиот град Хаг ќе побара привремено да биде исклучен од санкциите проти Русија, бидејќи заклучиле дека до доаѓањето на студот не можат да најдат замена за својот актуелен снабдувач со гас, руски Газпром.

ЕУ да глуми дека не ѝ е ништо

Путин цело време ја следи ЕУ и нејзините граѓани и чека кога ЕУ ќе „трепне“ и целата поддршка за Украина ќе се распрсне, предупредува Борел.

Цел јули Европа ништо не ѝ ветила на Украина

Од април годинава воената поддршка на Европа за Украина е во константен пад, а минатиот месец европските воени сили им дале нула воени ветувања на властите во Киев.

ЕУ има построги санкции за Полска отколку за Русија

Полјаците прават математика за парите што Москва ќе ги изгуби заради санкциите од ЕУ, и излегува дека Русија ќе мине подобро отколку Полска со казните од Унијата на која е членка.

Маните на европскиот план за штедење гас

На 26 јули министрите за енергетика на членките на ЕУ на итен состанок речиси инстантно се согласија околу договорот за кратење на потрошувачката на гас, според кој секоја држава ќе ја намали потрошувачката за 15% во споредба со 5-годишниот просек. И ова нема да го реши проблемот.

Дојде време југот на ЕУ да им збори на Германците да намалат со трошење

Предложениот план на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас од 15% на ниво на цела Унија, за сега наидува да одбивање од членки како Грција, Шпанија и Португалија, кои на централата и објаснуваат дека гасот им треба и дека немаат простор за намалување.

ЕУ веќе не може да си дозволи национални вета на надворешната политика

Ако ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика (?), тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика.

ЕУ ѝ блокира 1,5 милијарди евра помош на Украина, затоа што е ЕУ

Заради загриженост околу финансиска стабилност (дали ќе ги врати парите или ќе изгорат) Европската комисија не и пушта 1,5 милијарди евра Украина, на која и требаат пари баш заради одржување на таа финансиска стабилност.

ЕУ само што го прогласи природниот гас и нуклеарките за зелена енергија

Преку еден спектакуларен пример на бриселска магија, ем ЕУ ќе продолжи да се бори против енергетската криза, ем ќе остане истрајна во спроведувањето на својата зелена агенда.

Германија сака да ја гледа Украина таму каде што е, вон ЕУ

Додека Украина ја китеа со кандидатскиот статус, Германија по приватни канали барала целосна измена на клучните спогодби за функционирање на ЕУ, стравувајќи дека членството на Украина ќе биде погубно за германската доминација во Унијата.

ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини

Фајзер и ЕУ имаат договор за снабдување на 1,8 милијарди вакцини против ковид, кои биле договорени по пораки, и кои пораки Фон Дер Лајен повеќе од 6 месеци никако не може да ги најде.

Истокот почна да надвладува во ЕУ?

Не само што војната во Украина (и покрај сите себе-честитања) не ја обедини Унијата на некој до сега невиден или трансформативен начин, туку таа има спротивно влијание на продлабочување на поделбите, менување на сојузништва и балансот на моќ. Токму тоа што Франција и Германија не го сакаат.

Дајте му на Путин што сака за да заврши војната

Најголемиот дел од Европејците се подготвени да ја отстапат окупираната територија на Украина во замена за крај на војната што е можно побрзо, покажуваат новите анкети објавени од британски Тајмс.

Ако секне Северен тек 1, Европа зимава останува без гас

Деновиве беше објавено дека Русија заради технички проблеми плус одржување, ја намалува испораката на гас во ЕУ преку Северен тек 1, што значи дека може да се случи ЕУ да не стигне да ги наполни резервите на гас до почетокот на зимата.

ЕУ предадена од своите

Европски компании за бродски транспорт се предводници во „подбивање“ со европските санкции против Русија, успевајќи да ги дуплираат своите пратки со руска нафта од почетокот на инвазијата на Украина.