Од почетокот на војната Европската комисија се спротивставува на притисокот за воведување на горна граница на цената на гасот, но отпорот кон овој предлог попушти на октомврискиот самит на ЕУ лидери.
Главни поборници за ограничување на цената беа Италија, Полска, Белгија и Грција. Последната анализа на ЕК, која заклучува дека нема ќар од граница на цената и треба да се најде друг пристап е поздравена од Холандија и Германија.
„Во залог е иднината на 17.000 милијарди евра вредната економија на Унијата, која е под закана од енергетската криза дека може да заврши во рецесија заради високите цени на струјата и гасот што ги плаќаат компаниите и потрошувачите.
ЕУ се обидува да балансира меѓу барањето на повеќе од половина од членките на Унијата за ограничување на цената на гасот, со претпазливост да не се поткопа заедничкиот пазар или да се продлабочи економскиот јаз меѓу земјите членки,“ пишува Ева Круковска во текстот за Блумберг.