Кина како најголем светски купувач на течен гас, почна да препродава дел од своите залихи на течен гас заради пониската побарувачка на енергија во земјата заради намалената индустриска активност.
На оваа понуда веднаш се налепи ЕУ која главно не прашува за цена и гледа колку може повеќе, од каде било, да донесе гас на континентот.
И во оваа зделка ЕУ се брза да натанка што е можно повеќе гас, бидејќи соработката веројатно ќе прекине во моментот кога ќе се залауфа кинеската индустрија.
Трговијата со ЕУ ја потврди ЈОВО групацијата, еден од големите трговци со течен гас, како и Синопек групацијата која во извештај од април призна дека вишокот течен гас го пренасочува на меѓународниот пазар.
Според кинеските медиуми, само Синопек продал 45 товари природен гас, или околу 3,15 милиони тони. Процената е дека Кина веројатно препродала над 4 милиони тони гас, што е околу 7% од целиот гас што ЕУ го увезе во првата половина од 2022.
На Кина вишокот гас и се создаде заради падот на домашното индустриско производство (главно предизвикано од континуираните карантини за ковид) и директивата на кинеската влада да се засили производството на енергија, вклучително и враќањето на јаглен, бидејќи сега енергетската безбедност им е поважна од екологијата.
Со овие и други набавки, резервоарите на ЕУ за природен гас до сега се 77% полни.