Европската инвестициска банка му понуди заем на Киев во знак на поддршка на земјата чии приходи се пред целосен колапс. Заемот е гарантиран од Европската комисија, која за позајмици вон ЕУ има провизија од 9%.
Во случајов истата оваа Европска комисија бара провизија од 70% од вкупната сума, и тоа го оправдува како заштита во случај Украина да не може да го исплати долгот. Луѓе од Комисијата порачуваат дека ЕУ треба да планира и за во случај Украина да не може да ги врати парите.
ЕУ веќе некое време не може да се договори да и пушти и краткорочни позајмици на Украина за финансирање на платите и други тековни трошоци. ЕУ привремено ја намали и сумата за итно финансирање на Украина.
Прво беше блокиран предлогот за помошта од 1 милијарда евра, а Германија во исто време го блокираше и пакетот од речиси 9 милијарди евра. Заради падот на приходите, украинската држава се повеќе зависи од странска помош за најосновните плаќања.