Јули бил прв месец од почетокот на војната во февруари во кој шесте најголеми држави во Европа (Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија и Полска) не и понудиле никаква воена помош на Украина, тврди Киел Институтот за светска економија кој води список кој колку и помага на Украина.
Бројките на институтот ги потврдуваат тврдењата на украински воени и политички функционери, според кои најголемите европски сили не парираат на воената помош што доаѓа од САД и дека можеби им издишува силата на досега најголемите донатори на оружје, Британија и Полска.
Ова е посебно проблематично што токму во време на најавената украинска контраофанзива, нејзините европски сојузници сопреле со нови воени иницијативи за помош на земјата.
Иако минатата недела западните сојузници во Копенхаген дадоа рака за помош на украинската армија од 1,5 милијарди евра, тимот од Киел институтот тврди дека оваа бројка „е смешна во споредба со она што се договараше на првите конференции“.
Кристоф Требеш од Институтот на европските држави им порачува дека војната треба да ја гледаат како проблем на ниво на кризата во еврозоната или ковид пандемијата.
Главна мета на Требеш е ЕУ фондот за закрепнување од пандемијата кој тежи околу 800 милијарди евра, сума до која не се ни приближува европската помош за Украина.