Постапувајќи во случај на корисник на LinkedIn на кого му биле избришани објави во кои го критикува вакцинирањето, Вишиот регионален суд во Берлин пресуди дека платформата има право да ги избрише сите објави што се спротивни на ставовите на Светската здравствена организација (СЗО), на владата или на Институтот Роберт Кох. Објавите биле избришани поради „лажна содржина“, а профилот на корисникот му бил блокиран. Судот ја отфрлил жалбата на корисникот.
За судиите е ирелевантно е дали објавите биле вистинити или не. Битно е дека биле спротивни на ставовите на СЗО. Ова е гротескно неразбирање на важноста на слободата на изразување, вели влијателниот експерт за уставно право Дитрих Мурсвик.
Тој објаснува дека бизнис-моделот на интернет компаниите е да заработуваат од изразувањето на мислење. И Европската Унија со Законот за дигитални услуги, исто така забранува произволно бришење и бара од операторите на платформи да ги усогласат своите политики со слободата на изразување.
Корисникот на LinkedIn ја доживеа истата судбина како многу други на социјалните мрежи Фејсбук, Јутјуб и Инстаграм, кои „во борба против дезинформации“ ги бришеа објавите што ги критикуваа вакцините и другите мерки. Директорот на Фејсбук, Марк Закерберг, подоцна се извини, велејќи дека администрацијата на Бајден извршила огромен притисок врз компаниите да ја цензурираат содржината за коронавирусот. Повеќето платформи очигледно ја напуштија оваа практика, освен LinkedIn.
Пресудата е значајна бидејќи ќе послужи како водич за идни слични процеси.
Ова може да води кон воспоставување соодветни органи за утврдување на вистината за сите политички релевантни области од животот - за економска политика, планирање на инфраструктурата, одбрана, заштита на животната средина, климатска политика и пензии. Мислењето на владата секогаш би било „точно“ мислење; сè што е неконзистентно со него би било „дезинформација“ и затоа е забрането. Такви работи знаеме само од „1984“ на Орвел и од диктаторски, произволни режими, предупредува Мурсвик.
Тој го посочува и случајот на колумнистот на Велт, Норберт Болц, чиј дом го претресла полицијата поради иронично објавување нацистички слоган во ироничен контекст на интернет.

Сосема е јасно дека неговиот твит беше иронија и сарказам. Тој објави дека слоганот „Германија се буди“ е перфектен превод на поимот „воук“. Тој не го употреби слоганот во духот на нацизмот, туку напротив, како критика на тенденциите на движење кон тоталитарна насока. Да се казнува за ваков твит е чисто нарушување на слободата на изразување, додава правникот.
Тој оценува дека целта на претресите на домови за тривијални прашања е да се заплашат луѓето.