Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Приведен е директорот на Комунална хигиена Скопје

27 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и уште едно лице од скопското јавно претпријатие попладнево се приведени од полицијата поради непостапување во врска со ѓубрето во градот, поврзани со кривично дело од Член 230 на Кривичниот законик.
  • Рустеми е директор „Комунална хигиена“ од 29 јануари годинава, член на ДУИ, а беше поставен на позицијата од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
  • Претходно, Рустеми како близок соработник на пратеникот на ДУИ Блерим Беџети, беше директор на јавното комунално претпријатие „Сарај“ (од 2017 до 2021 година), а потоа, за време на мандатот на Арсовска и помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје.
  • Според вработените во „Комунална хигиена“ откако Рустеми стана директор, почнал хаосот во претпријатието, намерното оставање на сметот низ Скопје, кое зачести за време на локалните избори со што е загрозено и јавното здравје на скопјани.
  • Неговиот деветмесечен мандат беше проследен и со бројни финансиски скандали, поединечни договори за хонорари, испумпување милиони евра за резервни делови на возилата, пропратено со оправдувањата дека претпријатието не може да ги извршува основните задачи заради нефункционални возила. За интелектуални услуги – заштита на животната средина, давање совети за заштита на животната средина при вршење на услугите на претпријатието, 18-годишниот Валон Беџети, син на Блерим Беџети, потпишал договор од 12.000 евра.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
4

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
5

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
6

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
7

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
8

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

3

Важна информација за битолчани

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

8

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Пресвртен момент во една кариера

Едно писмо од Македонија до Папата кое остана неодговорено

Кој после ова нема да се измери?

Видео виц на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy