Прободено момче, повици за линч и тензии во Подгорица
27 октомври 2025
- Црногорските власти по итна постапка го укинаа безвизниот режим за Турција и приведоа 45 турски државјани со привремен престој, во врска со нападот врз момче во подгоричката населба Забјело во саботата. Момчето седум пати било прободено со нож.
- По нападот стотици жители на Подгорица излегле на протести и повикувале на линч на Турците во Црна Гора. Полицијата поставила кордони пред зградите во кои живеат турски државјани.
- Во исто време полицијата извршила рации во Забјело и привела две лица - државјани на Турција и на Азербејџан. Осум лица се протерани од Црна Гора.
- Во обид да ја смири јавноста, министерот за внатрешни работи, Данило Сарановиќ, ги отфрли како лажни вести информациите по социјалните медиуми дека во Црна Гора дозволила привремен престој на повеќе од 100.000 турски државјани.