Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, во Данска официјално го прослави достигнувањето на просек од 80% наполнети резервоари, што требаше да се постигне до 1 ноември.
Процените се дека резервите со гас ќе и помогнат на Унијата да ги апсорбира шоковите од проблемите со снабдувањето и да гарантираат покривање на меѓу 25 и 30 проценти од горивото што ќе биде потрошено зимава.
„Ќе ја достигнеме целта пред грејната сезона и покрај многу тешката ситуација на енергетскиот пазар, валканите игри на Газпром околу Северен тек 1 и тоа што неколку членки веќе се комплетно отсечени од руското снабдување.
Полните резерви со гас секако нема да ги решат нашите сегашни проблеми, ама барем дозволуваат граѓаните на Унијата да се чувствуваат побезбедни и поуверени пред претстојната зима,“ порачал високиот член на Европскиот парламент, Јержи Бузек.
Во Германија, каде таргетот е 85% исполнетост на резервите, се очекува дека нивото ќе биде постигнато уште во октомври.
Сепак и за ЕУ и за Германија важи тоа дека резервите можат да помогнат само за ублажување на проблемите, не и нивно решавање, во случај Русија зимава да реши целосно да го изгаси дотокот на гас.
Потрошувачката на гас исто така е директно врзана со тоа каква ќе биде зимата.
Ситуацијата е најдобра во Полска, каде резервите се речиси 100% полни, исто како и во Португалија, додека во Франција е на 90% а во Италија се на 81%. Најлошо е во Бугарија која е на 60% од резервите. Бугарија беше и првата членка на ЕУ која се излета и реши да го раскине договорот со Газпром кога од таму побараа плаќање на гасот во рубљи. Пред некое време Бугарите пак почнаа да соработуваат со руската компанија.