Еден од пакетите санкции на ЕУ против Русија, предвидуваше дека сите влади и јавни тела на членки на ЕУ мора до 10 октомври да ги раскинат постојните договори со руските компании.
За волја на вистината, Хаг уште од јуни пробува со тендер на ниво на ЕУ да најде замена за Газпром, но не му успева. Истиот тендер го повторува и во јули и пак со исти резултати.
Моментално тие се во директни преговори со снабдувачи на гас, меѓутоа од сега им е јасно дека не си ни блиску до потпишување договор со нив, а не па замената да биде спремна да пушти гас на 10 октомври.
Заради ова, Хаг смета дека на ЕУ нема нешто многу да и смени ако некаде до 1 јануари 2023 му дозволи на градот да продолжи да соработува со Газпром и покрај санкциите.
Властите очекуваат дека ова ќе им биде дозволено бидејќи со време објавиле тендери, на кои не ги добиле посакуваните резултати. Истите власти очекуваат и дека новиот договор кој би требало да почне да важи од 1-ви јануари, ќе биде значително поскап за градот од сегашните договори со Газпром.