Протестите се за намалување на евтиниот увоз, растечките трошоци и се поголемиот број зелени политики што Унијата им ги воведува на земјоделците и сточарите, вклучително и отворено инсистирање тие да го затворат својот бизнис и да се префрлат на друго.
По повод самитот на лидерите на ЕУ, Брисел и зградите на Унијата беа опколени со земјоделци и трактори. За малку од малку да се смири народот, Европската комисија предложи ограничување на увозот од Украина и укинување на дел од зелените правила. Народот не се смири, ниту во Белгија, ниту во остатокот од Унијата. Белгијците го блокираа и влезот и излезот во пристаништето во Зебруж, преку кое минува увозот на возила и дел од земјоделските производи.
Холандските фармери пак излегоа во поддршка на колегите од Белгија и учествуваат во блокада на неколку гранични премини меѓу двете држави.
Проблемот на ЕУ земјоделците со Украина е евтиното пилешко, јајца и шеќер што се увезуваат од таму, за кои се бара да се воведат квоти во случај увозот да го надмине просекот од 2022 и 2023, кои беа укинати по почетокот на војната.
Првиот човек на францускиот ФНСЕА синдикат објаснува дека тоа што сега се случува е „потекнува од трупањето правила кои првично ги прифаќаш... додека не станат премногу.“ Околу Париз и во остатокот на Франција беа поставени околу 100 блокади. До сега тие успеаа да ја натераат француската влада да се откаже од постепеното намалување на субвенциите за земјоделски дизел.
Италијанските земјоделци пак ги блокираа автопатите во близина на Милано, во Тоскана и други точки.
Во Грција владата објави дека ќе ги продолжи специјалните даночни олеснувања за земјоделски дизел за уште една година за да им се помогне на земјоделците кои исто така бараат и поевтина струја и побрза исплата на надомест за загубен род или стока во поплави.