Во Франција беа испратени оклопни возила да го заштитат пазарот во Париз за продажба на земјоделски производи на големо, во Брисел земјоделци опколија згради на ЕУ, Германија беше блокирана од трактори, а на протести се кренаа и земјоделци од Италија и Грција.
Земјоделците од Саксонија кои ја блокираа цела држава откако државата реши да им скрати субвенции и да им укине поволности под изговор дека нема пари во буџетот, седнаа и и пресметаа на истата таа држава колку германски пари расфрла кај ќе стигне.
Освен истрајноста, една од работите во која се прилично успешни холандските земјоделци во своите протести е во толпата снајперски прецизно да препознаат кој е инфилтриран полицаец во цивилка со кој знае каква агенда (од кодошење до ескалирање немири). За сега провокаторите се вадат во последна минута благодарејќи на полициски комбиња.
Холандски полицаец испука неколку куршуми во трактор (наводно управуван од 16-годишник) што учествува во земјоделските протести во земјата. Утре дента, неколку натоварени демонстранти се појавија пред куќата на полицаецот.
Со упорното туркање на проекти по потекло од Светскиот економски форум, владата на Холандија под управа на премиерот Марк Руте, а запоседната со активисти од ВЕФ, полека влегува во диктатура, смета Рован Дин од Скај њуз.
Тргнувајќи од правилото дека не можеш да имаш квалитетни немири на протести без инфилтрирани безбедњаци, холандски полицајци вчера се обидоа истото да им го приуштат на земјоделците кои веќе десет дена протестираат низ земјата. Само беа инстатно вратени назад.
Холандската влада го објави планот за намалување на загадувањето со азот за 70% до 2030 година. Холандските земјоделци објавија дека никој во Холандија нема никаде да мрдне дур не се повлече овој план.