За холандската влада ова е неизбежна транзиција за доброто на земјата и нејзините граѓани. За холандските земјоделци ништо од ова не е прифатливо, бидејќи и онака постојано им се воведуваат еколошки мерки, а тие ќе бидат и главната жртва на новиот закон и правила, бидејќи земјоделието се смета за главен извор на азот.
Холандија со 17,4 милиони жители е вториот најголем извозник на земјоделски производи во светот, зад САД, со следните бројки:
- 4 милиони крупни говеда.
- 12 милиони свињи.
- 100 милиони кокошки и останати живина.
Опциите што новите закони им ги даваат на холандските земјоделци се: постигнување одржливост, селење или затворање, и за ова ќе биде создаден фонд од над 20 милијарди евра.
Опциите што земјоделците и ги дадоа на холандската влада се повлекување на законот или повлекување на владата.
Некои од земјоделците ја блокираа границата на Холандија со Германија.
Други го блокираа домот на холандскиот министер за земјоделие.
Трети се забавуваат со полицијата.
Четврти седнаа во тракторите и правеа обиколка по холандските патишта.
Инаку, протестите се почнати уште од 11 јуни кога владата на Руте прв пат посериозно ги најави мерките за кратење на загадувањето.