Како дел од работата на ВЕФ (Светскиот економски форум), Руте најави глобална „Трансформација на системот за храна и користење на земја“, и дека Глобалниот координативен секретаријат за оваа инцијатива ќе се наоѓа во Холандија.
Некое време по ова Холандија го изгласа законот за намалување на азот во земјиштето за 70%, што пак ги извади земјоделците на улица, кои почнаа со блокирање на државата.
При самото носење на законот, холандската влада призна дека е сосема свесна дека тој ќе значи дека дел од земјоделците едноставно ќе мора да го напуштат земјоделството и своите фарми и да почнат да се занимаваат со нешто друго за да извадат егзистенција, а и тие што ќе продолжат со земјоделство, ќе мора поинаку да работат.
„Ова е тоа што се случува кога владата на твојата земја ќе се инфилтрираат глобалистички активисти од ВЕФ.
Иако може да ви звучи како заговор, ова не се мои зборови, туку зборови на Клаус Шваб од 2017,“ објаснува Дин.
По сето ова на Руте моментално му се случуваат земјоделски протести, откако владата сред секакви кризи кои се развиваат периодот, одлучи да продолжи да ги тера зелените агенди. Земјоделските протести многу потсетуваат на она што му се случуваше на Трудо, исто така еден од перјаниците на Светскиот економски форум, пред некое време со камионџискиот конвој. Сличностите се и по основа на масовноста на протестите и по основа на начинот на справување со истите.