Откритието се базира на геолоцирање на сигналите со кои се попречувала работата, што според нив е екстремно загрижувачко и неприфатливо.
Европските сателитски компании со месеци се таргетирани со попречување на фреквенциите од руска страна, што довело до пречки во пренесувањето на програмата, и во најмалку два наврати „насилна замена на содржината на детски канали“.
Претходно во поплаките од неколку НАТО членки било наведено дека пречките доаѓаат од Русија и од Крим.
Од О.Н. сега тврдат дека пречките потекнуваат од Москва и Калининград, и дека тие главно се насочени кон ТВ и радио канали со украински содржини.
За оваа тема до О.Н. се имаат обратено неколку држави, меѓу кои и Шведска, Франција, Украина и Холандија.
Русија до сега има одговорено само на поплаката од Франција за попречување на сигналот, објаснувајќи дека тие се обиделе да го најдат изворот на пречките, ама не успеале да откријат какво било зрачење што би предизвикало пречки.