Иако Русија неспорно ќе се обиде да ја искористи миграцијата за предизвикување незадоволство во Унијата, министерот за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, објаснува дека сепак главно се работи за децении стар проблем кој станува се поголем заради војни и сиромаштија во земјите што мигрантите ги напуштаат.
Околу подемот на национализмот во Европа, Борел објаснува дека тој многу повеќе се однесува на миграцијата отколку на евроскептицизам. Објаснувајќи дека миграцијата веројатно ќе биде многу поголем проблем за ЕУ отколку што беше брегзит.
„Стравот беше дека брегзит ќе биде епидемија, не беше. Тој многу повеќе беше вакцина. Никој не сака да го следи британскиот пример за напуштање на ЕУ.
Миграцијата е многу поголем раздор за ЕУ. И таа би можела да биде силата што ќе ја распадне ЕУ,“ изјавува Борел, кој објаснува дека и покрај заедничката граница, членките не успеваат да се согласат околу заедничка политика за мигрантите.