Таг: ресторани

Како Ковид ја уби(ва) критиката?

Пандемијата наметна потреба од меѓучовечка солидарност и љубезност. Но ова влијаеше глобално на театарските, филмските и книжевните критики, кои станаа по меки и по „со разбирање“. Дали ова ќе остане тренд?

Сложни министри тајно вечераат

Париското јавно обвинителство започна истрага околу сведоштвата објавени од медиумите на луѓе кои тврдат „дека јаделе во два или три тајни ресторани со одреден број на министри“.

80% од њујоршките ресторани не можеле да платат кирија минатиот месец

Неколкуте месеци коронавирус и изолации комплетно ги издишаа њујоршките ресторани, покажува анкета спроведена до тамошното здружение на угостители.

Англија останува без келнери

Државјани на ЕУ, особено оние од централна и источна Европа масовно ја напуштаат Велика Британија заради очекуваните компликациии околу  нивните работни места кои ги носи брегзит. А газди на ресторани а островот велат дека не можат да замислат Британец кој ќе стане од кревет и ќе оди некаде да мие чаши.

Сакаме чинии!

Како што расте меракот и филозофијата на рестораните да се глупираат со твојата храна и како ти ја сервираат, така почна да се развива и шири едно меѓународно движење на луѓе кои не можат да ги поднесат неразумните нови трендови во сервирањето храна. Се вика "Сакаме чинии" и има две многу едноставни барања - храна во чинии, пијалок во чаши, и толку.

Враќајте цревца, јазици, шваргли ем каурми!

Една импозантна архива на дигитализирани ресторански менија што датираат уште од половината на 19 век открива дека сме станале прави шмизли во однос на храната и она што сме спремни да го пробаме. И после, децата не јаделе.

Сонот на сите ваши летни кафани

Ресторанот се вика Карпа (The Rock), се наоѓа во Занзибар, поточно на 7 метри од брегот на Занзибар, и изгледа како да го правел некој кој може да ги прочита сите ваши кафански фантазии што не сте знаеле да ги опишете со зборови.

Ограбен ресторанот на Ѓоковиќ, однесени 7.000 евра

Ноќта меѓу 4. и 5. јануари, провалник дошол до ресторанот на најдобриот светски тенисер, којшто се наоѓа во близина на белградската Арена и преку вентилациониот прозор влегол во локалот. Инспекторите сомневаат во поврзаност на некој од вработените.

Што значи "домашно готвено"?

Французите откриваат дека 70% од рестораните во Париз кои нудат домашна храна, всушност служат загреана фабрички произведена храна. Ова го решаваат со воведување закон со кој секој што лаже дека служи домашна храна се казнува со 300.000 евра. Сега треба да решат од каде точно почнува домашното готвено.

Кафани со имиња на книжевни дела

Eден од начините да го прошетате светот е да си направите тура по рестораните и баровите кои го добиле името според познати писатели или нивни дела. Особено е интересно второто, бидејќи е „ишарет" кон оние кои знаат за што се работи.

Излегување од соништата за млади родители

Одиш на ручек во ресторан со жена ти и двете бебиња, и на комплетно изненадување цело време додека сте таму децава се мирни. Е добро сега, заспале на маса со главата во шпагети, ама битно мирни се.

Тајниот јазик на рестораните

Додека компјутерите во нашите ресторани, ако воопшто ги има, служат само за издавање фискални, оние пософистицираните во Њујорк почнуваат да се полнат со податоци кои овозможуваат високо персонализирана услуга. Главна алатка во ова дискретно разузнавање - кодиран јазик за означување на муштериите.

Право на бесплатна вода во кафана

Ако си во ресторан во Милано, можеш да избираш меѓу два вида вода: обична вода во шише или минерална вода исто така во шише. Што и да одбереш, ќе те чини 2 евра.

Тито во Квинс

Ресторан чиј сопственик е Бошњак, каде келнерките се од Србија, а во соседство има хрватски бар, звучи како рецепт за катастрофа. Дури (или особено) ако се вика „Маршалот" и се наоѓа во Квинс. Кенан Требинчевиќ за берберот Џиџи, хрватскиот Колдлеј и бистата на Тито скриена зад шише ракија.

Рестораните на Њујорк

За "мито" од 50 долари можеш да добиеш маса во речиси секој ресторан во Њујорк, мафијашите се одлични муштерии и секогаш се спријателуваат со персоналот, а уреден ресторан мора да ги менува даските на ве-це шољите на 6 месеци, тврди во својата книга сопственикот на некои од најпознатите њујоршки ресторани.