Додека Новак Ѓоковиќ со семејството ги прославувал празничите денови, од неговиот ресторан во Белград се украдени 7.000 евра.
Откако успеал да влезе преку вентилациониот прозор, крадецот провалил во една од канцелариите, од каде ги украл парите. И покрај тоа што целиот објект е обезбден со камери, крадецот во еден момент успеал да влезе и во собите со видео надзор, од каде украл и рисивер на кој се наоѓале сигурносните снимки. Го напуштил објектот и избегал во непознат правец.
Кражбата ја забележале вработените во ресторанот, а за целиот настан била информирана и полицијата, која направила увид во ресторанот. Како што пренесуваат српските медиуми, полициските инспектори ги испитувале и вработените, затоа што не било исклучено некој од нив да го упатил провалникот како и каде да ги пронајде парите.
Инаку ова не е прв пат некој објект во сопственост на семејството Ѓоковиќ да биде мета на крадци. Пред четири години, додека Ноле играше на турнирот во Синсинати, неговата куќа во Монако беше провалена, а крадците тогаш не нашле ништо, освен скапоцен мебел.