Според сведоштвото на присутните, станува збор за скапи вечери, од 160 до 490 евра по човек, на кои освен имотните присуствувале и дел од владетелите на Франција. Кога веќе е тајно и кога е во ресторан, присутните ниту се дистанцирале, ниту носеле маска.
Владата веднаш го отфрли тврдењето, со ишарет до министрите дека треба да бидат „беспрекорни и за пример“, а министерот за внатрешни побара од полицијата да ги истражи тврдењата.
Обвинителството објави дека ќе продолжи со својата истрага и покрај тоа што сведокот од репортажата околу тајните вечери што се емитуваше на француската мрежа М6 ги повлече своите тврдења.
Спорното е што француските ресторани се затворени уште од октомври минатата година како дел од анти-ковид мерките, а Франција од пред некое време влезе во уште еден делумен карантин како резултат на преполнувањето на болниците со пациенти со ковид-19.