Сега жителите на Милано, и тоа не муштериите туку екологистите, бараат од градоначалникот да ја направи бесплатната вода од чешма човечко право во градските ресторани.
Предлогот веднаш доби остра опозиција од сопствениците на ресторани, кои порачаа дека е нивно право што ќе служат во своите локали.
"Тоа е како да му понудиш некому пијалак од куќата на крај од оброкот. Некои го прават тоа, некои не го прават, ама тоа не е на политичарите да одлучат," порачал претседателот на организацијата на угостители, Алфредо Зини.
Дел од рестораните во Милано служат и вода од чешма, но и нејзе ја вклучуваат во конечната сметка.