4 од 5 анкетирани сопственици на ресторани изјавиле дека минатиот месец не платиле целосна или воопшто не платиле кирија. Околу 25% изјавиле дека сопствениците им ја простиле киријата, а околу 10% успеале да испреговараат пониска цена.
„Кафанџиите“ се надеваа дека на 6 јули ќе им биде дозволено да го активираат и внатрешниот простор, меѓутоа забраната остана и се уште гости смеат да се служат само на отворено.
Нивните процени се дека дозволата за користење на затворените делови од рестораните нема нешто посебно да ги закрепне бизнисите, бидејќи луѓе и онака се преплашени да седат на затворено. Плус, според нив, проблем е што кога ќе се отворат и внатрешните делови од рестораните, кираџиите, банките и сите кои очекуваат пари од нив, ќе сметаат дека бизнисот се вратил на старо и ќе почнат со наплаќање на долговите.
„Единствено полошо отколку отворањето на салите на рестораните е да ги отвориме и за кратко време потоа да ги затвориме заради скок на случаите на ковид-19,“ објаснува Ендру Риџи од Алијансата за угостителство на Њујорк.
Невработеноста во овој сектор во јуни се намалила од страотните 32,3% во мај, но и понатаму е нешто над 24% или скоро секој четврти што работел во оваа индустрија се уште нема ангажман.