Законот предвидува во менијата со посебно лого (стилизиран кров над тава) да бидат обележани јадењата што се подготвуваат во рестораните, а прекршувањето на законот освен глоба од 300.0000 евра, носи и 2 години затвор.
Проблемот е како да се утврди границата од која почнува или завршува домашно подготвениот оброк. Од практични причини не сите состојки се произведуваат во ресторанот: сирењето и кашкавалите доаѓаат од млекари, касапите ги прават колбасите, лиснатите слатки се набавуваат од надворешни пекари.
"Ако сакаш кечап на хамбургерот, дали го правиш од нула, или можеш да купиш готов од Хајнц? Дали месото мора да биде заклано или сечено во самиот ресторан? Дали ресторанот може да служи сладолед од слаткарница и сепак да го има логото за домашно готвено," прашува Марк Неимарк во текстот за Слејт.
Министерството за економија (кое го изработи законот) ја дефинира домашната храна како "јадења комплетно зготвени во ресторанот користејќи сирови или традиционални состојки." Токму тука министерството им попушта на рестораните во својата дефиниција за "сирови" и "традиционални." Па по оваа основа се дозволува која било храна што е купена излупена, сецкана, пасирана, мелена, исчистена од коски, ставена во порции или дробена, да се користи во домашните оброци. Ова значи дека и понатаму може да се користи замрзната риба или зеленчук во овие јадења.
Според законот дозволено е и да се користат готови кашкавали, леб, колбаси, сушено овошје, зачини, чај, кафе, чоколадо и алкохол. Еден од најнеочекуваните исклучоци е и можноста да се става индустриски произведувана паста, во домашно направените јадења со паста. Готвачите исто така не мора сами да ги прават основните сокови, туку можат готови да ги купат.
Во законот има клаузула што дозволува која и да е состојка подготвена надвор од ресторанот да биде користена во "домашно направениот" оброк се додека нејзиното потекло е наведено на менито. Единствен исклучок од ова е компирот кој не смее да биде да биде купен исецкан и излупен. Овој исклучок е најмногу направен за МекДоналдс да не може да стави лого "домашно готвено" на својот помфрит.