Хјустонското предградие Алиф се надева дека садењето нови дрвја ќе помогне да се потсмират работите во таа населба. Областа наскоро ќе биде дом на преку илјада нови дрвја; оние што ќе ги садат очекуваат дрвјата не само да ги разубават улиците, туку и да донесат малку раат.
Kако дрвјата можат да помогнат да се спречи криминалот? Студија објавена во „Журнал за јавна економија“ покажа дека кога температурите се зголемуваат, се зголемува и криминалот. А во Алиф е во просек 10 степени потопло во летните месеци од добро засенчените области на Хјустон.
Алиф имаат само 11% јавни површини покриени со крошни од дрва, наспроти просекот во Хјустон од 33%.
„Сакаме малку да ја разладиме атмосферата и на луѓето да им понудиме места каде што ќе им биде пријатно“, вели една постара жителка од оваа населба во која живее главно работничка класа.
Комшиските здруженија се надеваат и дека новиот изглед на предградието ќе помогне согласно постулатите од познатата „теорија на скршен прозорец“. Во криминологијата, оваа теорија сугерира дека видливи знаци на криминал и неред само охрабруваат дополнителен криминал и неред.
До 2025 година треба да се засадат 1.200 дрвја.