Џули Аиткен Шермер, професорка по психологија на Западниот универзитет во Онтарио, Канада, спровела студија за луѓето кои ги модифицираат своите автомобили за да ги направат погласни.
Користела стандарден попис на психолошки особини а очекувала да најде нарцизам. Меѓутоа, наместо тоа, утврдила дека постојат „врски меѓу наклонетоста кон гласни ауспуси и психопатски и садистички тенденции“.
„Профилот на личноста што го најдов кај нашите гласни сограѓани на четри тркала се исти со профилите на оние кои подметнуваат пожари“, вели таа. „Тоа се луѓе на кои им е тешко да сфатат што е морално расудување од повисок ред и да ги земат предвид основните права на другите“.
Моментално во Америка се модерни „мускулести“ 8 вентилски автомобили (Доџ Чарџери и Челенџери, Мустанзи и и Камара) чии ауспуси се кратат за да бидат погласни. Тоа е илегално но, како и овде, и таму полицијата ја нема за такви работи.
За оние на кои не им е доволно бучен краткиот ауспух, постојат специјални финти кои го менуваат вбризгувањето на горивото за да се добие ефект на пукање.
И Њујорк Тајмс пишуваше за овој тренд, за инфантилни а богати главно млади луѓе кои со своите прегласни автомобили намерно тероризираат цели градски квартови, дотаму што некои помислуваат и да се преселат заради тоа. Идиотите тоа често и го снимаат и го објавуваат на социјални мрежи и тоа така добро проаѓа што некои од нив имаат и по 700.000 следбеници на Инстаграм.
Ваквото аудио загадување веројатно има некаква врска со подлабоките промени во градските ткива. Онаму каде што нема заедничка култура, има малку чувство за општо добро. Според ова гледиште, истите оние луѓе кои се однесуваат антисоцијално додека живеат во место кое не го сметаат за нивно, веројатно нема да го прават тоа во заедниците од кои потекнуваат. Како што англиските туристи се озлогласени по нивните одвратни јавни пијанства во странство.
А градовите денес се полни со домашни странци.
„Колку погласен мотор, толку помал пенис“, добра е тоа идеја.