На локалците дополнително им се крена коса на главата откако локалниот совет пушто видео во кое се објаснува како се користи првата градска раскрсница со семафори оптимизирани за велосипеди со заштитни сигнали (Cycling Optimised Protected Signals - Cyclops).
Компанијата „Грејтер Кембриџ“, која управува со градските патишта, вели дека комплетот од 31 семафор околу крстосницата е дел од поширока намера да се заштитат велосипедистите од пешаци и автомобили.
Не сите мислат така:
„Ова е трет пат Лабуристичката партија да инсталираат апсурдни шеми кои одговараат на нивната идеолошка агенда на сметка на жителите. Лудило е да се прави истото одново и одново и да се очекуваат различни резултати. Триесет и еден различен семафор ќе предизвикаат хаос за сите корисници на патиштата и ќе ги направи патувањата поопасни и поконфузни,“ вели Шејн Менинг, конзервативниот парламентарен кандидат за Кембриџ.
Сообраќајот комплетно запира од сите четири правци на кружниот тек додека велосипедистите поминуваат низ него. Посебни семафори ги одвојуваат велосипедистите од обичниот сообраќај и од пешаците. Пешаците пак, поминуваат во исто време со велосипедистите, користејќи посебен прстен на патеки на средината на крстосницата, додека на зебри ја преминуваат велосипедската лента.
Кој разбра- разбра: