Кампањата е дело на групата Вижн зиро Ванкувер, која се бори за инфраструктурни надградби со цел намалување на бројот на загинатите и повредените во сообраќајот на нула.
Како дел од кампањата групата на неколку пешачки премини низ градот поставува корпи со гумени цигли, над кои стои натписот „Биди виден, земи цигла.“
„Целта е исмевање на идејата дека треба да е обврска на пешакот да моли за безбедно минување преку улица. Можеме и подобро од тоа.
Вистинската порака е дека мора да поставиме инфраструктура за смирување на сообраќајот што ќе ги успори автомобилите и ќе осигури дека луѓето можат безбедно да минат преку улица без разлика дали се облечени на некој начин (рефлективни елеци) или имаат со што да мавтаат,“ објаснуваат од Вижн зиро.
Само во Лоуер меинленд регионот на Британска Колумбија годишно во просек се убиени 33 пешаци, а над 1.742 се ранети во сообраќајни несреќи.