Цената на сертификатот за поседување семеен автомобил во Сингапур скокна на ново рекордно ниво и сега чини 106.000 долари.
Градот-држава воведе 10 годишни сертификати за поседување кола во 1990 година, како мерка против сообраќајниот метеж и закрчувањето на сообраќајот. Сертификатите се продаваат на државни аукции на секои две недели, а владата го контролира бројот на сертификати.
Со даноците и увозните давачки, овој систем го прави Сингапур најскапата земја во светот за купување автомобил. На пример, нов стандард Toyota Camry Hybrid чини околу 183.000 американски долари, со даноци и сертификат.
Постојат различни видови сертификати, за најмало возило чини 76.000 долари, што е речиси тројно повеќе отколку пред три години, кога имаше помала побарувачка за нови автомобили за време на пандемијата. Најскапата опција, наречена „отворена“ е 110.000 долари.
Иако мал, Сингапур има една од најголемите густини на милионери во светот, но, човек со просечната плата од 70.000 долари годишно, тешко може да си дозволи сертификат за поседување семејна кола.
************
Види и:
Сингапур го замрзнува бројот на автомобили